Научниците секогаш си пронаоѓаат поле на интерес. Последното од нив е дека ја откриле врската помеѓу сексуалните желби и начинот како ја обликувате вашата коса.
Коњско опавче
Иако многу жени изгледаат како „невини“ тинејџерки кога косата косата е собрана во вид на коњско опавче, токму тие се оние кои се жешки во креветот. Тргањето на косата од очите несвесно покажува сексуална самодоверба, тврдат научниците.

Секси совет:
Сакате брз и жесток секс. Изненадете го партнерот ( и себе) така што ќе запалите неколку свеќи и ќе ја успорите акцијата пред сексот и во текот на истиот. Уживајте во долготрајната предигра пред огнената кулминација!!!
Секогаш беспрекорно исчешлана и средена коса
Дури и кога сте сами по дома, вашата фризура изгледа како да пред 5 минути сте излегле од некој фризерски салон. Тоа значи дисциплина, го сакате редот во секој аспект од вашиот живот. Среќни сте додека вие ја водите играта во креветот, а вашиот партнер ретко ја превзема иницијативата.

Секси совет:
Ако секогаш ја имате контролата во ваши раце, тоа може да ве спречи да уживате во моментот. Вечерва дозволете му на вашиот партнер да ви ги врзе очите – и препуштете му се!!!
Дива и распуштена
Тоа е знак дека добро се чувствувате во вашата кожа. Опуштени во животот, љубовта и сексот. Немате проблем со одењето во кревет и да си се „послужите“ кога вас ви се појави желбата за секс.

Секси совет:
Сакате да поминувате со прстите низ косата? Тоа значи дека сакате истото да го направи и вашиот партнер. Па … пипкајте каде сакате – а он ќе ви возврати со иста мера!!!
