Лејди Гага повторно изненадува. Зарем е можно да има толку идеи и секогаш да бидат страшно добри и да соосветствуваат на секој настап и песна.
Овој пат се работи за нејзиниот настап на доделувањето на МТV EMA наградите во Белфаст, Ирска, каде Гага беше тотален победник на вечерта. Зеде награди за: најмногу фанови, најдобар женски изведувач, најдобра песна и најдобро видео за песната „Born This Way“. Вкупно 4 и со тоа ги растури MTV оваа година.


Примајќи ја една од наградите Гага речиси се расплака, заблагодарувајќи им се на сите кои верувале во неа и нејзините идеи и ѝ дозволите да прави што сака. Таа најмногу го цени фактот што публиката и MTV ја наградија нејзината омилена песна „Born This Way“, на која таа самата е автор. Ѝ ја посвети на сестра ѝ.



Гага исто така ги почести присутнитесо неверојатен настап пеејќи ја песната „Merry the Night“. Креациите беа страшно добри и футуристички, а дел од настапот беше и една огромна месечина. Кутрата, имаше малку потешкотии да гледа и да зборува низ металната летечка чинија на главата. Погледнете како сето тоа изгледаше:
httpv://www.youtube.com/watch?v=nXnMv2jpCeY

