Популарната и екцентрична пејачка повторно дивее. Јаде корнфлекс целосно гола, свири на клавир без парче облека на себе, игра, пее, си ја фарба косата и на крај завршува на психијатрија. Сето ова во спотот за најновата нејзина песна „Merry the Night“, а видеото трае верувале или не, цели 14 минути.

Откако во последниот спот за „You and I“ Гага се појави како сирена која ја мачи љубовникот, сите се прашуваа што е следно. Гага им одговори многу брзо снимајќи го овој спот кој повеќе наликува на мини филм. Всушност, ова е најдолго видео во нејзината досегашна кариера и е снимено на две локации во Њујорк.
Погледнете и не се вознемирувајте:
