Celebrity

Гага за малку и Клинтон ќе го убиеше:)

Лејди Гага инспирирана од Мерлин Монро, му испеа „Happy Birthday“ на поранешниот американски претседател Бил Клинтон како честитка за неговиот 65-ти роденден.

–        Од секогаш го обожавав тој „Мерлин момент“, но не сакав дел од него да бидат таблетите и бисерите, – изјавила Гага пред самиот настап.

–        Бев по малку нервозен кога Гага ми кажа дека го планира „Мерлин моментот“. Мислев дека како честитка за роденден ќе добијам срцев удар, – кажа Бил Клинтон.

Иако не беше гола на сцена, Гага се погрижи да биде подеднакво ефективна како Монро, па си одбра облека со боја на природен тен.

Многу познати личности одлучиле да ја поддржат оваа прослава. Дел од неа беа „U2“, Ашер, Стиви Вондер и многу други.

Еве го и настапот:

Напиши коментар