Celebrity

Го препознавате ли актеров?!

Со помош на протези, лажна ќелава глава и неколку килограми плус, успеа комплетно да се преобрази и да стане шеф на Федералното истражно биро.

Се работи за Леонардо ДиКаприо во филмот „Џеј Едгар“, каде тој го игра основачот и директорот на FBI, Џеј Едгар Хувер. Тој бил на чело на FBI од 1935 до 1972 година. Со тек на време се дознава дека кршењето на законот не му било непознато, а во неговото време бирото повеќе наликувало на тајна полиција.

Останатите улоги ги играат Џуди Денч, Арми Хамер и Наоми Вотс. Филмот е во режија на Клинт Иствуд, а денес треба да биде премиерно прикажан.

Погледнете го трејлерот:

Напиши коментар