After Midnight

Големи машки заблуди

Мажите не често имаат неприфатливи заблуди. Заблудите се толку нелогични што многу од девојките не можат да разберат зашто тоа е така.

Мажи внимавајте и запомнете !!!

КАКО ПРИВЛЕЧНОСТА РАБОТИ КАЈ ЖЕНИТЕ?

Додека вие можете да почувствувате привлечност кон некоја женска само со тоа што ќе го здогледате нејзиниот секси задник, кај женските тоа не е случај. Треба што побрзо да го прифатите овој факт. На женските и требаат чувства. Доколку сте способни да ги предизвикате вистинските чувства во неа, тогаш може да се зборува дека таа чувствува привлечност кон вас. Скоро пет години се обидував да си ја разјаснам оваа работа и едно е сигурно: Жените не се „палат“ многу , (најчесто многу малку) на вашиот физички изглед.
Единствена работа што може да ја „запали“ девојката е вашата личност или карактер. Доколку ги поседувате потребните црти од карактерот ВИЕ ќе ги привлекувате сите атрактивни девојки.
Не значи дека доколку сте само богат и убав жените ќе ве сакаат.
Многу е важно да го знаете секој чекор што треба да се направи со женската и тоа од првиот состанок до спалната.

РАЗМИСЛУВАЊЕ ДЕКА СЕ Е ДО ПАРИТЕ ИЛИ ИЗГЛЕДОТ

Една од најголемите грешки што ги прават момците е откажувањето од некоја атрактивна девојка размислувајќи дека се е до парите или изгледот и дека таа никогаш не би сакала да биде со тип како него.
Ок, има и такви што само тоа ги интересира, ама тие не ни се приоритет.
Но 85% од женските, верувајте, се заинтересирани во личноста или карактерот а не до парите или изгледот.
Знаете што, има момци кои намаат ни кола, кои имале повеќе женски од било кој богат тип.

Еве една вистина колку за споредба: Доколку знаете добро да го презентирате говорот на вашето тело и да знаете да ја одвивате комуникацијата со било која женска , можете да предизвикате онолкаво сексуално привлекување колку што вие би почувствувале доколку здогледате гола девојка во поза ‘DOGGY STYLE’.

ПРЕДАВАЊЕ НА ЦЕЛА ВАША МОЌ НА ЖЕНСКАТА

Претходно спомнавме дека е грешка да барате дозвола од женската за било што.
Слично на оваа грешка е да ја предадете цела ваша моќ на вашата девојка или „пријателка“.
Најголемата вистина е дека девојките не се привлечени од „папучари“, колку и да тоа изгледа поинаку.

НЕЗНАЕЊЕ ШТО ДА СЕ ПРАВИ ВО СЕКОЈА СПЕЦИФИЧНА СИТУАЦИЈА

Сега подгответе се за еден интересен факт: „Жените скоро секогаш знаат што мислите“ . Женските се 10 (десет) пати подобри во читање на говорот на телото од нас. Значи вашата единица 1×10 па нивната 10-ка 🙂 Тешко за верување но така е. Пример, доколку сте излезени со неа и сакате да ја бакнете таа веќе го знае тоа 🙂 .
Доколку не сте сигурни во себе и не знаете кога е моментот, таа само ќе ве посматра и никогаш нема да ви помогне 🙂 . Така е и во сите работи со женските , пристапот, земањето на нејзиниот број, бакнежот, сексот, доколку не знаете таа нема да ви помогне :).
Значи доколку не знаете како во секоја ситуација најверојатно ќе ја оплескате. И знаете дека е така.

Многу е важно да знаете како да се справите во „ секој чекор“ со женските, од првиот состанок до креветот.

Напиши коментар