Celebrity

“Големите очекувања” на филм во продукција на BBC

Од продукцијата на „BBC“ моментално ја подготвуваат адаптацијата на романот на Чарлс Дикенс – „Големите очекувања“. Во сјајна продукција со раскошни костими, сигурни сме дека сите љубители на овој роман максимално ќе уживаат.

Во една од главните улоги се појавува Жилиан Андерсон, односно во улогата на Лејди Дедлок. Оваа мини серија ќе се прикажува во Велика Британија за време на божиќните празници. Младиот Пип ќе го глуми Оскар Кенеди, а Естела – Меикл Смал.

Додека ликовите се мали ќе ги глумат тинејџери, а потоа улогата ја преземаат нивните постари колеги-актери. Оваа адаптација е по повод два века од раѓањето на Дикенс, а овој роман повеќе пати досега е преточуван во филм. Една од најпознатите верзии е сместена во сегашно време, а во главните улоги се најдоа Гвинет Палтроу и Итан Хок.

Write A Comment