Дестинации

Градот на вечната љубов

Верона е бисер на средновековната архитектура и уметност, какви што ги има многу во Италија.

И додека тие градови привлекуваат туристи од сите делови на светот, со нивните раскошни градби и занимливи приказни, Верона поседува адут повеќе, најубавата и најтрагичната приказна на сите времиња, онаа за Ромео и Јулија.

Иако не се најдени  веродостојни докази за постоењето на фамилиите Монтеки и Капулети , досетливите граѓани на Верона  ја претвориле една стара куќа во центарот на Верона во домот на Јулија на задоволство на милионите туристи од целиот свет.

Верона е основана во четвртиот век пред нашата ера и долго време била под Римска власт, во градот има повеќе од 50 зачувани цркви, како и грандиозни палати, мостови, и раскошни градини.

 

Write A Comment