Мојата кујна

Греено вино! Топол ароматичен пијалок за зимските денови

Подгответе го дома овој омилен пијалок кој може да ве згее во овие студени денови. Рецептот е многу едноставен, само треба да внимавате виното да не врие многу бидејќи тогаш го губи својот оригинален вкус и арома.

Потребни состојки:

–      3 портокали

–      1 л црвено квалитетно вино

–      100 мл рум

–      2 стапчиња цимет

–      100 гр шеќер

–      неколку каранфилчиња

–      малку анасон

Подготовка:

Најпрво измијте го едниот портокал и со помош на нож излупете ја лушпата но спирално. Остатокот од портокалот исецкајте го и ставете го во садот во кој ќе го греете виното. Останатите два портокали само излупете ги и исцедете ги. Сокот заедно со виното ставете ги во садот за варење во кој ги ставивте парчињата портокал. Додајте ги зачините и шеќерот. Мешајте повремено и пазете да не зоврие.

Вареното вино процедете го и ставете го во чаши. Декорирајте со стапчиња цимет и спирално исечената кора од портокал. Послужете додека е топло!

Write A Comment