Убавина

Грозјето во служба на убавината

Грозјето е полно со витамини и минерали, одлично го прочистува организмот. Но, треба да знаете дека грозјето исто така може да ви помогне за убавиот и здрав изглед.

Лек за акни

Испасирајте 10 – 15 зрна грозје и нанесете ги на проблематичните делови од лицето или грбот. Оставете нека делува 15-на минути. Грозјето содржи ензими кои делуваат антибактериски и ја смируваат воспалената кожа.

Тоник од грозје

За да го освежите тенот најдобар е сокот од грозје. Излупете 100 гр грозје и изблендирајте ги. Овој витамински тоник истовремено чисти и ја зацврстува кожата. За да се задржи тоникот на вашето лице натопете памук и ставете го на лицето, нека делува 10 минути.

Write A Comment