ШоуБиз

Гвинет растура со глупости! Дали е таа најглупавата актерка?

Холивудската актерка Гвинет Палтроу стана сопственичка на не така посакуваната титула – јавна личност со најнавредливи и најбесмислени изјави во изминатава година.

Во втроникот Гвинет го прослави својот роденден во друштво на Крис Мартин, Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи. Славното друштво вечерта ја поминало во еден новоотворен ресторан со шпанска кујна во Њујорк. Иако биле супер расположени, не останале многу долго.

Освен за роденденот, медиумите се распишуваа и за најзините бесмислени изјави, на кои без никаков проблем се потсетија. Имено, претенциозната Гвинет не размислува многу пред да каже нешто и постојано ја чести јавноста со по некој бисер.

Ова се само три од морето нејзини бесмислици:

–        Јас сум она што сум. Не можам да се правам дека сум некој кој заработува 25 илјади долари годишно.

По повод објавувањето на својата книга-кувар со здрави јадења Гвинет ѝ порачала на американската работна класа:

–        Побрзо ќе пушам крек, отколку да јадам сирење од конзерва.

А, за да не дојде до било каква забуна додала:

–        Побрзо ќе умрам, отколку да си ги хранам децата со супа од кесичка!

Својот антагонизам кон Гвинет најотворено го покажа легендарниот Мики Рурк:

–        Има некои актерки кои не ми е јасно како успеале во Холивуд. Нити се посебни физички, а од глума немаат појма. Со една таква неодамна работев, изјавил Рурк по снимањето на филмот „Iron Men“ во кој глуми и Палтроу.

Write A Comment