Celebrity

Хавиер Бардем или Бонд… кој е појак?

Познатиот шпански актер Хавиер Бардем ќе го игра негативецот во најновиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд кој треба да се појави во светските кина дури наредната година.

–        Ме избраа да бидам негативецот, но други детаљи не смеат да споделам. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од еден Бонд филм. Родителите секогаш ме водеа да ги гледам филмовите со Бонд, и сите ги имам гледано. Верувам дека улогата ќе биде доста забавна, – изјавува Бардем.

Бардем, кој е во брак со Пенелопе Круз, одлично глуми негативци, иако во Холивуд е познат како многу добра личност. Последниот пат кога го глумеше братот на манијакот-убиец во филмот „Нема земја за старци“, доби Оскар за споредна улога.

Овој најнов Бонд филм ќе биде готов дури во ноември, 2012 година.

Напиши коментар