Во план е да се снима филм за блесавата дизајнерка и нејзините најдобри пријателки – алкохоличарки.
Се работи за британската ТВ серија „Апсолутно фантастични“, која ќе добие и своја филмска верзија.
Една од ѕвездите на серијата, која воедно е и продуцент на проектот, открива дека планира авантурите и мамурлаците на Петси и Едина да ги пренесе на големото платно.
Филмот започнува така што после една пијана вечер, Петси и Едина се будат на непозната јахта на сред океан и тоа потполно сами.
Оваа серија се емитуваше од 1992 до 1995 година, но главните ликови настапија во уште неколку специјални изданија на серијата во 1996, 2001, 2003 и 2004 година.
httpv://www.youtube.com/watch?v=tPD-MrMWYi4&
