Celebrity

Холивудските актери во акција да ве насмеат

Плејада на светски познати актери во акција во филм кој сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Деновиве сите се во исчекување на романтичната комедија со наслов „New Year’s Eve“ која официјално ќе биде прикажана во кината во Америка на 9-ти Декември.

Концептот на филмот во режија на Гери Маршал е многу сличен на неговиот претходен филм „Valentine’s Day“ и во него се опишуваат неколку романтични врски за време на новогодишните денови.

Во филмот има голем број на познати холивудски актери меѓу кои и: Сара Џесика Паркер, Ештон Качер, Роберт Де Ниро, Мишел Фајфер, Хилари Свонк, Хали Бери, Кетрин Хејгл, Џесика Бил, Џош Духамел, Зак Ефрон, како и пејачите Џон Бон Џови, Лудакрис и редица други познати фаци.

http://www.youtube.com/watch?v=k1Y2uXjsKjs

Write A Comment