Мојата кујна

Хот дог со ананас

Иако не содржи ниедна иста состоја како вообичаениот хот дог, оваа откачена тропска варијанта го има речиси идентичниот слатко-солен и зачинет вкус на оваа брза храна, а се прави навистина експресно.

За четири оброци ви се потребни:

–    4 говедски виршли (можете да ги замените и со пилешки)

–    4 земички премачкани со маслиново масло или путер

–    ½ сечкан ананас

–    4 слатки црвени пиперки

–    ½ филџан свежи ливчиња магдонос

За подготовка, потребни се по 2 минути печење на виршлите и земичките, по што со смесата од измешаниот ананас, пиперките и магдоносот еднакво ги полните четирите сендвичи.

Write A Comment