After Midnight

Храна и зачини за суперсекс

Недостатокот од било кој од четирите главни хормони може да предизвика специфични скес проблеми кои може да се решат со кафе, босилок, пилешко и други намирници од кујната.

Со босилок до секс-хормон

За подигање на разните допамини поиграјте се со босилокот, пиперот, чили, анасон, лук, ѓумбир, рузмарин. Го збогатуваат вкусот на јадњето, но и го “зачинуваат” љубовниот живот.

Допирите се повозбудливи со брокула

За подигање на ацетоколинот јадете јајца, говедско, кикирики, бадеми, брокула и блитва. Направете некоја вксуна вечера со некои од овие намирници и ефектот ќе го забележите веднаш во спалната соба.

Компирот го зголемува интензитетот на оргазамот

Слабиот интензитет на оргазамот може да го решите и тоа со компир. А, освен тоа тој смирува и нервозата, немирот.

Солените грицки откриваат дека недостига серотонин

Се чувствувате ли предепресивно за секс? Доколку се чувствувате така, лесно се иритирате, имате зголемена желба да јадете солени грицки можеби треба да размислите дека ви фали серотонин.

Разбудете ја желбата за секс со копар

Малку зачинете ја вечерата со копар и самиот мирис ќе направи да побрзата со јадењето и да преминете на следниот чекор.

Мирис на краставица за поголема возбуда

Краставицата нека биде дел од вечерата која ја спремате за вашиот партнер. Докажано е дека овој мирис ја разгорува желбата за секс.

Напиши коментар