Убавина

Храна која е важна за убава коса

Доколку сакате убава, сјајна и густа коса треба да обрнете внимание и на исхраната, покрај вообичаената нега на косата. Исхраната има големо влијание и за растот и опаѓањето на косата.

За убава коса треба на менито да имате: пилешко, риба, немасно сирење, јајца, бадеми. Во оваа храна ги има најнеопходните минерали и витамини кои и се потребни на косата.  Протеините се исто така важни за квалитетна коса. Кога веќе е позанто дека косата во најголем процент е составена од протеини логично е исхараната богата со протеини да е важна за неа. Доколку не ги внесувате доволно, косата ќе ви биде сува, кршлива и безживотна.

Косата најчесто паѓа заради недостаток на железо. Затоа во своето мени почесо нека се наоѓа црвеното месо, зелениот лиснат зеленчук…

Исто така и цинкот има голема улога за опаѓање на косата. Недостатокот на цинк резултира со опаѓање на косата. Затоа јадете бадеми, фстаци, ореви и останатаите јаткасти плодови, шкампи и слично.

 

Write A Comment