Celebrity

И Џони Деп не е тоа што некогаш беше

Изгубен во погледот и со разбушавена коса, актерот Џони Деп е далеку од своето најдобро издание на кое се навикнати повеќето негови обожаватели. На постерот на својот најнов филм „The Rum Diary“, тој позира во боксерки кои му се навлечени дури до стомакот!

Кога ја гледате сликава на Деп, сигурно си велите дека нема шанса ова да биде оној заводник по кој лудуваат милиони жени од целиот свет.

Најновото издание на Џони воопшо не е секси. Повеќе е смешен на сликата, отколку што на некоја жена би и запнало окото за него. Сепак, Џони изјавува дека максимално уживал во снимањето на филмот, а ние едвај чекаме тој да стигне во кината на 28-ми Октомври.

Напиши коментар