Во музичкиот свет се раширија гласини дека пејачката Ферги дефинитивно го напушта бендот „Блек Ајд Пис“ и дека на нејзиното место ќе дојде нов женски вокал.
Еден извор кој е близок на членовите од бендот изјавил дека се преговара Ферги да биде заменета со R&B пејачката Ашанти.
– Бендот бара замена за Ферги веќе некое време. Ашанти му се приклучи на бендот за турнејата и тоа му дојде како една врста аудиција, да пробаат како сето тоа ќе функционира. На крај излезе дека комбинацијата е совршена, – додава неименуваниот извор.
На прашањето кога би можеле да очекуваме официјална потврда за оваа информација, изворот рекол: „тоа би можело да се случи многу брзо, во текот на наредните денови“.
На фановите на бендот не им преостанува ништо друго освен трпеливо да го почекаат епилогот на приказната.
