Celebrity

И официјално… Дејвид Гета е најдобар диџеј на светот!

Францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета го симна од тронот познатиот Армин ван Бјурен.

Дејвид Гета ја освои ласкавата титула „Најдобар диџеј на светот“ благодарение на читателите на списанието за електронска музика „DJ Mag“.

На второ место се наоѓа досегашниот најдобар светски диџеј Армин ван Бјурен, а на трето место е Тиесто.

–        Пресреќен сум – изјавил Гета по објавувањето на веста. „Мислев дека е невозможно да се победи Армин“.

Топ 100 листата ја креираат самите фанови на електронска музика, кои во последниов месец на страната на „DJ Mаg“ дале повеќе од 600.000 гласови за своите фаворити.

Напиши коментар