Желбата за убави и негувани нокти потекнува уште од древниот Египет, во кој жените ги боеле ноктите со к`на во портокалова или жолта боја.
Токму како и тогаш, и денес, нивниот изглед е посебно важен, а најдобар начин за тоа е редовен маникир кој со малку труд, волја и се разбира време, можете да си го направете дома, или пак едноставно отидете во салон и препуштете се на получасовно уживање во рацете на професионалци – маникири.
Секој добар маникир би требало да содржи шест битни чекори кој ќе ви гарантира идеално уредни нокти и кожичките околу нив! Пред почетокот, потребно е да се исчистат лакираните нокти, а од нелакираните да се отстрани маснотијата со чистач на лак и да се постави дијагноза (нездравите – болни нокти не е пожелно да се третираат пред да бидат прегледани од дерматолог).
ЧЕКОР 1: Се нанесува серум за омекнување на кожичките околу прстите – се нанесува по една капка од серумот врз кожичката и се остава да делува кратко време.

ЧЕКОР 2: Потиснување на кожичката – омекнатата кожичка нежно со потискање ја туркаме нагоре. Кожичката по правило не се сече! Со ножички може да се симне вишокот што се направил со потискањето ако кожичката е очигледно над површината од работ или пак е испукана.

ЧЕКОР 3: Обликување и сечење на ноктите – Спрема типот на ноктите со посебна (турпија) еге , со лесно притискање го кратиме нокотот до саканата должина притоа формирајќи го неговиот облик.

ЧЕКОР 4: Полирачки блок – ја симнува нечистотијата и бојата од површината на нокотот ја матира и ја подготвува за следниот чекор.

ЧЕКОР 5: Минерална турпија – со кристали во вид на фини честици ги пополнува и најситните нерамнини на нокотот притоа заштитувајќи го од цепење.

ЧЕКОР 6: Полирање на ноктите со nail buffer комплетот

турпија 1 – нежно ја чисти и мазни површината на нокотот

серум – нанесуваме по една капка преку врвот на секој прст од серумот за потхранување на површината на нокотот и кожичката .

турпија 2 – преку втријување на серумот на површината на нокотот се поттикнува циркулацијата на крвта.

Турпија 3 – турпија за полирање и добивање висок сјај за конечната нега на површината на нокотот.
По маникирањето на рацете нанесуваме хидратантен лосион, и така средените и блескави ноктиња сами по себе подготвени се за излегување, или пак по желба за лакирање.
