Дали знаеш дека твоите кафени очи не се единственото нешто на кое треба да мислиш додека ja одбираш шминката? Шминката мора добро да одговара и со твојата боја на кожа. За да бидеш потполно сигурна дека со шминка ќе го разубавиш, а нема да го нагрдиш лицето види што ти препорачуваат експертите.
Доколку имате светол тен
Идеална сенка: Нијанса на зелено која потсетува на трева, светло или средно виолетова, бледо сина, светло сива и светла сиво плава. Никогаш не ставајте две сенки во исто време. Одберете една од наведените сенки и нанесете ја на целата површина над окото.
Маскара: Најдобро ќе изгледа со еден или два слоја безбојна или кафена маскара.
Сјај за уста: Безбојниот сјај секогаш ќе ви ја даде потребната свежина. Но, можете да користите и бледо розов сјај за уста, како и кармин во нијанса на кожата.
Изглед за специјални прилики: На очните капаци ставете сребрена металик или виолетова сенка (оној среден тон на виолетова чија боја одговара на слива), а трепките истакнете ги со помош на два слоја кафена маскара. На усните ставете безбоен или светло розов сјај.
Доколку имате кожа која не е ни темна ни светла
Идеална сенка: Тебе совршено ќе ти одговара средна нијанса на зелена, виолетова, сива, сина или плаво сива сенка. Но, не е препорачливо да ги мешате овие бои. Секогаш избирајте само по една сенка. Со неа поминете преку целиот горен капак и кожата под веѓите.
Маскара: Доволен е еден слој на кафена или кафено-црна маскара.
Сјај за уста: Употребувајте безбоен со светло кафена, бронзена или светло црвена нијанса.
Изглед за специјални прилики: Блескавиот изглед е загарантиран со сребрена или плаво сива металик сенка, еден до два слоја кафена или црна маскара на горните трепки и со бронзен безбоен или кафено-црвен сјај.
Доколку имате темен тен
Идеална сенка: Зелена како шума, средни и темни нијанси на виолетова и сина, но и потемен тон од плаво сива. Секогаш се става само по една сенка, која ќе ја нанесете се до веѓите.
Маскара: Одговара кафена и кафено црна маскара. Најдобро е секогаш да ставате само по еден слој.
Сјај за уста: За тебе совршен би бил оној со светло кафена, бронзена или темноцрвена нијанса на сјај за усни.
Изглед за специјални прилики: За да се издвоите со изгледот од толпата, употребете сребренаста или виолетова средна металик нијанса. Исто така користете и моливче за очи во истата нијанса. На горните трепки ставете два слоја црна маскара, а на усните безбоен сјај со нијанса на црно вино.
