Имено потребни се само 7 секунди при првата средба, за да некој ве оцени каква личност сте. Еве неколку совети како во првите пресудни моменти да импресирате личност која за прв пат ја среќавате, а сакате да оставите прав впечаток…
Пред да одите да се запознаете со некого, проверете го вашиот изглед и дишете полека за да ја избегнете напнатоста.
Држењето мора да ви биде правилно, затоа што така изгледате самоуверени. Опуштете ги мускулите за да не се забележи вашата напнатост и стрес.
Исклучете го звукот на мобилниот за да не ви го одзема вниманието, во спротивно ќе изгледате непристојни.
При првиот поглед со личноста лесно насмевнете се и најверојатно личноста која ја запознавате ќе ви возврати на насмевката. Насмевката ја прави ситуацијата помалку незгодна и повеќе пријателска.
Не го загрозувајте приватниот простор на личноста и при првата средба и ракувањето бидете оддалечени од личноста најмалку во должина на раката.
Избегнувајте да ги вкрстувате рацете и нозете бидејќи тоа ќе ве престави како затворен тип на личност.
Пробајте ги овие техники за инпресионирање, верувајте дека успехот е неверојатен.
