„Бевме интимни, имавме односи…“ Колку пати сте ја слушнала оваа фраза, а во исто време сте заклучиле дека, ако некој е интимен со некого вие тоа веднаш го поврзувате со секс? … Интимноста не е само секс!!!
Луѓето се плашат да кажат дека понекогаш во прашање е само сексот и ништо повеќе, и тогаш од некои веројатно оправдувачки причини мораа да додадат и доза на емоции и заљубеност ( која во нивниот случај ја нема ) за да ги убедат другите дека нивната врска со партнерот е базирана на емоции а не само секс.
Можеби е лесно да се излажат другите, меѓутоа зашто да се лажете себеси. Интимноста не се постигнува во креветот, во креветот се зацврстува само веќе заснована интимност. Говорите за љубовта, а знаете дека ја нема и дека се è сексуална привлечност. Љубовта не тражи секс, туку поврзување во кое ќе ги засакате особините карактеристики на партнерот. Љубовта и интимноста не се добива преку сексот, колку и да пробувате тоа ќе биде залудна битка. Сексот можете да го добиете секогаш, но интимноста и љубовта се многу потешка категорија.
Некои брзаат да станат дел од животот на нивната симпатија, некои пак имаат едно, но сакаат и друго. Малкумина се оние кои во љубовта имаат интимни сексуални односи. И затоа вас никој не ве спречува да имате „само“ љубов или само секс. Прво што треба да расчистите со себе е, да ги разграничите што е што, и потоа да го наречете со правото име.
Ако сакате интимност, ќе морате да се потрудите. Тоа не значи, долги разговори, внимателно слушање или очекување за „ТЕ САКАМ“. Подлабоката поврзаност со личност значи дека таа личност ќе ве обземе, дури и ќе ве збуни. До тогаш подобро ќутете кога „водите љубов“ и не се оправдувајте кога само сексот е во прашање.
