Free zone

Извештај за сигурноста на автомобилите: Јапонците на врвот, а европјаните го држат фенерот

Американската организација Counsumer Reports го објави годишниот извештај за најсигурните автомобили. Традиционално, најсигурни автомобили се произведените во Јапонија, а европските го држат дното на листата.

На првите десет места од листата за најстабилни автомобили се наоѓаат јапонските. Прв е Scion, па потоа Lexus, Acura, Mazda, Honda, Toyota, Infinity, Subaru и Nissan. Десетти е Volvo, а одма по него се Hyundai и Kia.

Најдобар американски производител е Jeep, па Lincoln и Chrysler. На 16-то место е Volkswagen. Следат Chevrolet па европскиот премиум Mercedes, па BMW.

Ford од минатата година падна за 10 места, па од 10 сега е на 20-то место.

Напиши коментар