After Midnight

Каде грешат жените?

Кокетитањето и фазата на заведување на момчето кое ви се допаѓа е најзанимливиот период на кој секогаш со задоволство се присетувате. Но, исто така во овој период најважно е да оставите што подобар впечаток, па затоа се случуваат и најголеми грешки. Ви ги претставуваме 4-те најголеми грешки кои жените ги прават на почетокот од врската.

Врска и само врска

Почетоците можат да бидат многу интересни, а повеќето жени кога ќе запознаат маж кој им се допаѓа, животот во целост му го посветуваат него. Грешка!

Немојте да дозволите мажот кој тукушто сте го запознале да биде единствената работа која ве радува. Задржете ги навиките и дружете се со луѓето кои ве исполнувале и пред љубовната врска. На тој начин ќе му покажете дека сте самостојна, силна и интересна личност и притоа дека нема да гушите. Врската нека дојде сама од себе, а дотогаш уживајте во страста.

 

Секс на прв состанок

Првиот и вториот состанок би требало да бидат истражувачки. Дали има нешто поубаво од двајца луѓе кои уживаат во заедничко дружење набиено со страст.

Овој момент би требало да потрае иако мажите многу сакаат секс, не значи дека повеќе ќе му се допаднете ако тоа веднаш му го овозможите. Почекајте, а кога ќе дојде време за првиот секс, неговата страст ќе биде поголема.

 

Погрешно претставување

Сите ние сакаме да се претставиме во најдобро можно издание. Но, ако планирате со момчето нешто повеќе од неколку сексуални чинови, бидете спремни дека вашата приватност многу брзо ќе исплива на површина, а вие тогаш можете да испаднете како лажливка.

Машките се многу поискрени од жените па затоа ќе ја ценат вашата искреност.

Бидете она што сте, а ако не му се допаѓа тоа, тогаш тој не ве заслужува.

 

Посесивност

Почетоците на врската треба да бидат страствени, романтични и спонтани. Не дозволувајте да станете една од оние жени кои во секој момент треба да знаат каде е, со кого е колку ве сака.

Посесивноста доведува до љубомора, а таа може да биде многу опасна и контрапродуктивна. Уживајте во исчекувањето и дозволете му да има живот надвор од вашата љубовна врска.

 

 

Напиши коментар