Убавина

Кафената сенка е кралица на шминките

Кафената сенка не е како останатите бои на сенки. Таа може да подмлади, да освежи, да се користи и за дневна и вечерна шминка, добро стои на сите, и одлична е за техниката smokey eyes.

Доколку очите ви се поодалечени од нормално, тогаш користете ја оваа сенка. Таа визуелно ќе го намали просторот помеѓу очите.

За подмалдување користете ја токму кафената сенка. Потребо е само правилно да ја нанесете. Во пределот на надворешниот агол од окото ставете ја оваа боја. Особено е важно да ја нанесете на долниот дел од аголот.

Кафената боја може да ја комбинирате со многу други бои. За гламурозен изглед на ошите ставете кафена сенка за очи, а на усните црвен кармин. Кафената сенка одлично оди во комбинација со зелената, златната, розевата сенка за очи. Експериментирајте! Ќе бидете изненадени од ефектите на кафената сенка.

Write A Comment