Имате ли проблем со белата облека, дали маиците се сиви? Белите чорапи изгледаат валкано, без разлика колку пати се перени?
Пробајте една од овие испробани и проверени методи за облеката да биде бела и да ја задржи белината.
Сода бикарбона – натопете ја облеката во 4 литри вода во која ќе додадете една чаша сода бикарбона
Аспирин – Потопете ја облеката во 3 литри топла вода во која претходно сте раствориле 5 таблети аспирин
Оцет – Додајте 1 чаша алкохолен оцет во машината за перење. Не се секирајте, облеката нема да има мирис на оцет.
