Дознајте кои се вистинските нијанси на сенки за вашите очи. А тоа најдобро ќе може да го дознаете токму од овие совети. Бојата на сенката одберете ја во зависност од бојата на вашите очи и коса.
Русокоси:

За русокосите со нежен, бел тен се препорачуваат нежни тонови на шминка. Бојата на сенката нека биде светло сино, праска боја, сива.
За русокосите со темни очи се препорачуваат потемни нијанси на сенките за очи. Темно кафени, темно сиви, темно зелени нијанси.
Бринети:

Бринетите со кафени очи најдобро би било да одберат сенки во темно зелени, кафени, златни нијасни, како и праска боја тонови во комбинација со кафени нијанси.
Црвенокоси:

На црвенокосите најдобро им прилегаат сенки кои се во приближна нијанса на бојата на косата. Одлично им прилега и зелена, кафена и црна боја на сенка за очи. Одлично им прилегаат и бронзените тонови.
За оние со црна коса:

Девојките со црна коса и бел тен треба да им дадат акцент на своите очи. Затоа се препорачуваат темните нијанси на сино, кафено и црната сенка, како и темно лилаковите тонови. За дневните излегувања се препорачуваат кремасти нијасни.
