Убавина

Како да направите зебра принт нокти

Што ви треба

– Бел лак за нокти

– Црн лак за нокти

– Безбоен лак за нокти

– Тенка четка, чепкалка за заби

– Отстранувач за лак

Упатство

– Почнете со нанесување на безбојниот слој.

– Потоа нанесете 2 или 3 слоеви од белиот лак. Ова може да трае долго. Најдбро е да чекате секој слој да се исуши пред да го нанесете следниот. Можеби ќе потрае , но ова е единствен начин да добиете идеално бела основа на вашите нокти.

– Сега доаѓа забавниот дел. Доколку користите четка, прво ставете ја во вода како би добиле остар врв, па потоа ставете ја во црниот лак. Почнете да ја цртате зебра шарата. Корисно е пред вас да имате слика од шарата за полесно да ја нацртате на вашите нокти.

Кога ќе се исушат линиите, внимателно додадете уште еден слој безбоен лак

Направете различни комбинации

На сликата е прикажана комбинација која ја користи розевата боја како основа. Во овој случај вториот чекор е пократок (не ви се потребни толку многу слоеви лак). Оваа шара добро одговара на златна и сребрена основа, исто така добра комбинација е бела основа со кремасти шари. Постојат бесконечно многу комбинации.

Write A Comment