Скарлет Јохансон важи за една од најсексипилните жени кои секогаш внимаваат на својот изглед. Она што е карактеристично за неа е дека таа никаде не оди без црвен кармин.
Таа неоддамна изјави дека и кога не оди на снимање се спрема подеднакво исто. Сакам секогаш да сум средена од глава до пети. Внимавам на косата, лицето, шминката и градеробата па дури и кога одам до продавница.
При тоа таа ја открила својата тајна за убавината на нејзиното лице. После секое туширање, кога кожата омекнува од пареата, нанесува мед на лицето и го остава 15 минути. Потоа се измива со млака вода. На тоа се должи убавата и сјајна кожа на моето лице, изјавила Скарлет.
