Можете да ги зголемите градите со користење на градник за подигнување.
Секоја жена треба да се негува и да внимава на своето тело. Особено треба да обрнува внимание на некои делови кои многу лесно можат да ја изгубат првобитната форма – градите. Има многу препарати кои ќе ви помогнат да ја задржите еластичноста и цврстина на градите. Не заборавајте дека треба редовно да правите масажи и вежби за градниот кош. Неколку совети и трикови што треба да ги направите за вашето деколте да изгледа попривлечно:
За да имате убаво деколте треба да се потрудите
Остатокот од изумрената кожа често изгледа како тен без никаков сјај. За убаво деколте, најдобра грижа е комбинацијата од топлата и ладната вода, пилингот и кремовите. Наизменичното туширање со топла и ладна вода ја подобрува циркулацијата и токму поради тоа градите ќе ви изгледаат позатегнати и поцврсти.

Пилингот ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки од кожата. Можете да си купите некој препарат или пак дома да си направите. Потоа кожата на вашите гради ќе биде нежна и мека. Откако ќе го измиете телото, нанесете крема и со нежни кружни движења масирајте се. Масажата ќе допринесе за цврстината на градите.
Деколтето може да го зголемите со мали трикови
Во негата на градите можеме да внесеме и козметика која ќе допринесе за нивно оптичко зголемување. Помеѓу градите нанесете малку светкав бронзер – одблесокот на светлоста ќе направи тие да изгледаат поголеми. Можете да ги зголемите и со користење на градник за подигнување. Но,ако вашите гради се многу мали пробајте да не носите градник за подигнување. Тој градник кај оние девојки што имаат многу мали гради нема да помогне. Наместо тоа, нагласете ги другите атрибути кои исто така ги возбудуваат мажите: усните, грбот, нозете… Ако сакате да одите на естетска операција, добро размислете и изберете ја онаа големина која ќе биде во склад со вашето тело.
За цврстината на градите треба да вежбате
Правете вежби кои ќе ви го зацврстат градниот кош. Многу е важно да носите градник кога ги правите вежбите за вашите гради да останат фиксирани. Со тоа ќе избегнете виснување на градите. Иако рецептите за убави гради се едноставни, потребно е да знаете дека стареењето и бременоста си го прават своето и дека градите со текот на време губат од еластичноста и цврстината.
