Колекцијата од модната куќа Gucci не нуди ништо ново, и се поставува прашањето дали главната дизајнерка Frida Giannini се опушти по големиот успех со колекцијата за изминатата година.
Оваа колекција беше претставена на миланската модна недела и помина без некое поголемо значење. Сепак погледнете дел од колекцијата која за оваа есен – зима ги наметнува темните бои, плетени џемпери, и широки панталони.



