Со помош на оваа статија мажите ќе научат неколку едноставни но и задолжителни правила од гледна точка на модните тенденции за тоа како и какви патики да носат. И ви гарантираме дека веројатноста да бидете искритикувани од некој „моден критичар“ ќе биде сведена на минимум.

Не ја напуштајте фитнес салата со овие патики. Кошаркарските патики од типот Air Jordan се соодветни само и единствено за тенис или кошарка, а не за излегување.

Придржувајте се на класиката. Класичните патики се оние кои може да се носат речиси со се. Зборуваме се разбира за обичните ниски изчистени патики без излишни шарки, надписи или разни метални украси кои водат до некаков неопределен и неразбирлив стил.

Не за хибридите! Хибридна кола да но хибридни патики никако! Ваквите чевли можеме да ги сретнеме само на нозете на маминото синче кое тргнало на своето прво интервју за работа. Ова е модна катастрофа што никој не смее да си ја дозволи.

Не за чорапите над глуждот. Чорапите е дозволено да бидат повисоки од патиките но само 1 см, а не оптегнати над глуждот.

Да за подвиените ногавици! Откако научивте дека чорапите несмее да бидат над глуждот, сега веќе слободно можете да носите панталони со завиени ногавици како на сликава бидејќи ваквиот изглед се смета за фенси и урбан.

Се што свети, а не е злато, е лош моден гаф. Нај големата неправда што им е нанесена на патиките се различните шарки како рози, златни черепи, риби, емитации на тетоважи или што ли уште не…
