Во Сеул до 2015 година треба да се појават две луксузни кули , кои по својот изглед треба да потсетуваат на облаци.
Поточно, во средината на солитерите треба да има десет испакнати спрата кои ги претставуваат облаците, а инаку ќе бидат луксузни апартмани.
Сигурно дека зградите ќе изгледаат надреално, впрочем тоа и го сакале архитектите од “MVRDV”, но многумина се скептици дека оддолу тие ќе изгледаат како облаци и дека ќе бидат убави, но по ништо особено нема да се разликуваат од останатите солитери во светот.
Во кулите облаци, ќе има деловни простории, апартмани, хотел, фитнес центар, ресторани, јавен и приватен парк и градини.







