Легендарниот моден бренд Louis Vuiton, со креаторот на машката колекција Kim Jones, ја претстави пролетната линија.
Овој пат за новата рекламна кампања беше ангажиран моделот Werner Schreyer. Преубавите фотографии се направени во Африка.
Што се однесува на модниот тренд за идната пролет, тие подготвија широка лепеза на производи. Елегантна колекција, колекција во кежуал стилот, марами, капи, чевли, очила за сонце…
Мажот според Louis Vouiton, треба да биде комплетен, едноставен, но перфектен. Особено им даваат важност на модните додатоци. Како посебен момент во колекцијата се забележуваат свитканите ногавици, кои особено ги истакнуваат преубавите чевли. Погледнете дел од фотографиите кои беа направени во прекрасната Африка.








