Одговорот на светот му го даде Ricardo Bofill.
Можете ли да си замислите да живеете во фабрика за цемент?
Ricardo Bofill е архитектот кој замислата ја преточи во ексклузивна реалност. Иновативниот Ricardo успеал, еден навидум непотребен простор, да го претвори во ремек дело за домување. Искористувајќи ја својата фантазија, и повеќе од 2 години поминати во планирање на просторот од стара фабрика за цемент која била напуштена во 1973 година успеал да направи место за кое многумина можат да му подзавидат.
Човекот со визија, како што го нарекуваат неговите колеги ширум светот, ја откупил цементарницата за во 2009 за 100.000 долари која била делумно во рушевини, но Ricardo видел огромен потенцијал во неа.
Низ слики се потрудивме да ви ја доловиме генијалноста, на еден од најдобрите архитекти во светов.
Погледнете !!!













