After Midnight

Како со сексот да му го подигнете… егото

Ниту еден маж нема да биде среќен ако после сексот му кажете дека не било баш најдобро. Тој сака да слушне дека било фантастично, совршено, боженствено…

А со повредено его може само да го доживеете најлошото, а тоа е да одбива секс.

Затоа прифатете неколку совети кога се станува збор за подигање на машкото его со помош на сексот.

Иницирајте секс

Колку почесто иницирате секс тој се повеќе ќе верува дека вие уживате кога сте интимни.

Гласно покажете му дека уживате

Мажите сакаат да ги слушаат секси воздишките и крикови за време на сексот. Тоа за нив значи и уживање. Освен тоа што ќе направите тој да биде сигурен во себе додека е активен и вие ќе уживате многу повеќе.

Давајте му позитивни критики

Кажувајте му колку ви е убаво. Тоа ќе му значи навистина. А ќе ви значи и вас затоа што следниот пат сигурно ќе се потруди да биде уште подобар.

Мудро бирајте ги зборовите и интонацијата

Кога следниот пат ќе му кажете дека е добар во кревет кажете го тоа со интонација како штотуку да сте го освоиле врвот на светот.

Напиши коментар