Леонадро ДиКаприо е доста познат по своите ангажмани за зачувување на околината и вели дека кога бил мал, сакал тоа да биде неговата професија.
– Сакав да станам морски биолог. Од секогаш ме фасцинирала природата, а заштитата на околината ми е страст. Кога не снимам филмови, сакам да се активирам и да придонесам за поздрава околина. Сакам што е можно повеќе да се зборува на таа тематика, – вели актерот.
Што се однесува до улогите кои ги прифаќа, тој вели:
– Кога не можам од прва да го дефинирам карактерот на ликот и кога постои елемент на мистерија, па морам да истражувам, тогаш ја прифаќам улогата. Сакам комплицирани ликови, едноставно ги обожавам.
За време на снимањето на најновиот филм за еден шеф на ФБИ, Лео морал со саати да седи и да го шминкаат, потоа да памети екстремно долги монолози, да се бакне со маж и да облече фустан. Но, сето тоа не му претставувало никаков проблем, бидејќи максимално уживал во правењето на овој филм.
