Калинката е овошје кое е богато со витамини и минерали. Освен тоа што е погодна за здравјето таа е перфектна за убавината.
Сокот од свежо исцедена калинка може да го употребите на неколу начини и за неколку цели.
За лош здив – една лажичка сушена кора од калинка помешајте ја со една чаша вода. Варете околу 30 минути. Процедете и додајте уште една чаша вода. Секој ден плакнете ја устата со оваа течност.
Против лош мирис на стапалата – натопете ги нозете во раствор од екстракт од калинка. Екстрактот се припрема на начинот кој што ви го наведовме. Сушена кора од калинка се вари во една чаша вода.
Против опаѓање на косата – измијте ја косата по шампонирањето со екстракт од калинка. Исто така ќе ви помогне и доколку имате проблем со масна коса. Калинката е успешна во регулирањето на работата на лојните жлезди.
Калинката се препорачува на оние кои имаат слаб апетит.
Сокот од калинка е погоден за кожата. И дава живост, ги затвара порите и идеално се справува со масната кожа. Направете маска за лицето од една лажичка сок од калинка и една лажица павлака. Смесата нанесете ја на лицето и оставете нека делува 20 минути. Измијте се со млака вода и ставете крема за лице.
