Celebrity

Калиопи ќе не претставува на Евровизија!!!

Македонија, по сè изгледа, го прави и невозможното за да ја импресионира европската публика. Македонската телевизија објави дека оваа година на Изборот за песна на Евровизија ќе не претставува поп дивата Калиопи (45).

Сеуште не е познато која песна ќе ја пее Калиопи, но изборот за песната ќе се одржи на истиот начин како што се бираше песната кога Тоше во 2004 година нè претставуваше на Евровизија. Таа ќе настапи со три песни, а потоа публиката, жирито и самата Калиопи ќе се определат за една песна.

Ајде да видиме и од овој циркуз што ќе излезе.

Напиши коментар