Free zone

Каталог со подароци само за милионери!

Дизајнерската куќа „Неиман Маркус“ го претстави својот традиционален божиќен каталог кој што е наменет само за екстремно богатите луѓе. Во него можат да се најдат подароци вредни неколку десетици илјади евра.

Ако имате пријател милионер, повеќе не мора да се грижите што ќе му подарите за новогодишните и божиќните празници. Дизајнерите на „Неиман Маркус“ ја имаат вистинската работа за вас. Се работи за пренослива колиба која е рачно обоена и луксузно опремена со дизајнерски мебел и лустер од кристали. Цената е ситница – само 57 илјади евра.

Во случај пријателот да има веќе ваква колиба, можете да му подарите библиотека со 250 стари книги, која преку споменатиот каталог може да се купи за 90 илјади евра.

Напиши коментар