Последниве неколку месеци видовме како воскреснува R&B пејачката Кели Роланд. Најпрво беше објавен нејзиниот албум „Here I Am“ и тоа после повеќе одложувања, а потоа Кели ја донесе тешката одлука да запре со денс сингловите, и да ја задоволи американската публика која повеќе ужива во новата Кели со R&B мелодии.
“Motivation“, а сега и „Lay It On Me“ постигнуваат огромни успеси. Но, тоа не е сè! Кели реши да не почести со уште едно сензуално видео за синглот „Down For Whatever“ кој е совршен за ноќно опуштање по клубовите.
Погледнете ја премиерата на музичкото видео:
