Оваа ултра секси фризура, која старлетата Ким ја носеше на многу црвени теписи, го застанува здивот и ги привлекува машките погледи. Оваа фризура е идеална за најлудата ноќ. Многу девојки пробуваат да ја направат но многупати и грешат во нејзиното формирање. Затоа денес решивме да ви презентираме видео со кое загарантирано ќе ја добиете формата која ја прослави старлетата.

Со оваа фризура се препорачува лесна и умерена шминка бидејќи самата фризура е доволно нагласена. Девојката во видеото користи екстензија на коса, но вие тоа можете да го изоставите. Предниот дел на оваа фризура е најбитниот фактор кој всушност го отвара лицето.
