Американската риалити ѕвезда Ким Кардашијан ќе игра во фимот „The Marriage Counѕelor“, кој ќе го режира Тајлер Пери и тоа по сопственото театарско остварување од 2008 година. Оваа вест е објавена на сајтот „Дедлајн“.
Во филмот се работи за Џудит, една брачна советничка која е незадоволна од сопствениот брак и го изневерува мажот со еден од клиентите.
Џарни Амолет ќе ја игра советничката, а Ким ќе биде нејзината соработничка која пробува да ѝ помогне на самата советничка да ги реши проблемите.
Снимањето на филмот ќе започне на 26-ти Октомври во Атланта. Ким досега имаше две филмски улоги и тоа во филмовите „Длабоко во долината“ и „Катастрофа филм“.
Ни останува само да видиме како Ким овој пат ќе се снајде во оваа улога.
