Убавина

Киви за здравје и убавина

Нутриционистите велат дека кивите се врста на овошје кое треба да го имате на листата на најдобри продукти за во зима.

Освен тоа што е добро за здравјето, кивите исто така се голем сојузник во борбата со брчките и сувата кожа.

Кивите имаат ниска калориска вредност, во 100 гр имаат само 47 калории. Богати со витамин Ц, во 100 гр киви има 80мг витамин Ц, што е еквивалент на два портокали или 5 лиомони. Магнезиум, фосфор, железо се исто така важни минерали кои кивите ги поседуваат.

Затоа јадете киви. Но, може да ги употребите и како маска на лицето. Испасирајте две киви, ставете една лажица мед и неколку капки маслиново масло. Оваа сместа ставете ја на лицето и деколтето. По оваа маска кожата ќе ви биде благодарна. Ќе биде мека, еластична и сјајна.

Write A Comment