Ќерката на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон, Парис Џексон (13), ја убедила својата баба да и дозоволи да глуми во еден филм, бидејќи според неа на татко и тоа би му се допаднало.
Парис, ја добила својата прва филмска улога во престојниот фантасичен филм ‘Lundon’s Bridge and the Three Keys’, а таа ќе ја глуми хероината.
Ќерката на Мајкл, едвај чекала да започне снимањето на филмот, каде покрај реални ликови ќе има и анимирани. Иако, семејството ја советувало да почека до 18-тата година за почнување на актерската кариера, Парис мислела дека ова е голема шанса, а филмот многу би му се допаднал на татко и.
