Клинт Иствуд (81), кој последниве неколку години се повлече од режирањето филмови, најверојатно ќе ѝ се врати на глумата. Тој е во моментални преговори за улогата во филмот „Trouble With the Curve“.
Сценариото е напишано од Ренди Браун, а приказната во филмот го следи животот на еден бејзбол ветеран кој тргнува на пат со ќерка си во потрага по млади талентирани играчи.
Иствуд, последен пат е виден на филмското платно во улога на Волт Ковалски 2008 година, во филмот „Gran Torino“. Истовремено изјави дека се откажува од актерството и дека планира да им се посвети на продуцентството и на режисерството.
Клинт, инаку, требаше и да го снима филмот „Ѕвездата е родена“ во кој ќе глумеше Бијонсе, но поради нејзината бременост, тој проект е моментално одложен.
