Celebrity

Кога филмските плакати стануваат реклама за храна

Креативците на „Фотошоп“ кои редовно го посетуваат сајтот „Worth1000.com“ овој пат се заиграа со филмските плакати, а ги комбинираа со храна. Оваа игра прерасна во забавна колекција на филмски наслови.

Во некои случаи било доволно да се замени само една буква од оригиналниот наслов. Така на пример „Господарот на прстените“ („The Lord of the Rings“)стана „Господарот на пилешките крилца“ („The Lord of the Wings“), а „Зелената милја“ („Green Mile“) стана „Зеленото млеко“ („Green Milk“).

Признаваме дека англиските наслови се далеку позабавни од македонските, па ве оставаме да уживате во оригиналните храна-плакати.

Напиши коментар