После раскинувањето жените често се прашуваат кај погрешиле. До сега на такви прашања воглавно одговарале експертите, но конечно и машките проговореа. Истражувачите од Универзитетот во Бризбеин разговарале со машките во срска со тоа која женска карактеристика неможат да ја прифатат и поради која се спремни да ја раскинат врската.
Критикување и непрестајно додевање
Половина од машките испитаници одговориле дека не сакаат да бидат во врска со жена која постојано критикува. Еден од нив тоа го објасни вака: „ Пред неколку години имав девојка која постојано ме критикуваше, ме поправаше кога зборував, го критикуваше моето возење, моите пријатели и беа глупави, ја омаловажуваше моjата работа, а не и се допаѓаше ниту облеката која мојата мајка ја носеше. Сека кога ќе приметам дека девојката критикува, веднаш раскинувам.“
Мамини мази
Околу 30% од испитаните машки не сакаат да бидат во врска со девојка која секогаш својата мајка ја става на прво место. „ Има жени кои на својата мајки им ги откриваат сите тајни, вклучувајќи ги оние во врска со нашиот однос. Заочнав живот со девојка која сакаше со нас да живее и нејзината мајка. Тоа не можев да го поднесам и раскинав со неа“, изјавил Тревор учесник во испитувањето.
Претерано педантни
Машките не сакаат врска со девојки кои се претерано уредни и тоа го очекуваат од својот партнер, така барем изјавија 20% од испитаниците. Тие објаснија дека врската со жена која постојано чисти, брише и опоменува немој така… или пази да не го извалкаш…, ова е многу напорна. Никој не сака да биде под постојан притисок.
Не ги сака неговите пријатели
На машките пријателите им се многу важни, па ако девојката не ги сака настанува проблем, изјавија повеќе од 20% од испитаниците. Учесниците во истражувањето јасно потенцирале дека не сакаат девојка која што не ги сака нивните пријатели и која се обидува да ги раздвои.
Сите машки ги сметаат дека се исти
Ставот дека, генерализирањето не е добра карактеристика на жените, го делат една петтина од мажите. Како што објаснуваат многу се алергични на жени што викаат дека сите мажи се исти, а тоа посебно кога сакаат да го искритикуваат нивното однесување.
Машките го ценат природното однесување
Природноста и спонтаноста на машките им е многу важна, така барем изјавил секој трет испитаник. Не ги поднесуваат жените кои што глумат и кои се однесуваат вештачки.
